Утрински Весник
Свет

Додик со својот авантуризам го загрозува Дејтонскиот договор, вели Шмит

Додик со својот авантуризам го загрозува Дејтонскиот договор, вели Шмит
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска ги осуди обидите на властите на Република Српска, предводени од Милорад Додик, да го поткопаат државниот Уставен суд, оквалификувајќи го како напад врз уставниот поредок и Дејтонскиот договор, но не објави никакви конкретни мерки кои би можел да ги преземе.

dobivaj vesti na viber

Реакцијата на Канцеларијата на Шмит (ОХР) уследи откако Националното собрание на РС вчера усвои Закон со кој се забранува спроведување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на тој ентитет, што веднаш предизвика бурни реакции.

„Обидот на Националното собрание на РС да го поткопа авторитетот на Уставниот суд на БиХ е неприфатливо кршење на Дејтонскиот мировен договор, сериозен предизвик за владеењето на правото во РС и напад на уставниот поредок на БиХ“, се наведува во соопштението на ОХР објавено на Твитер.

ОХР како најодговорен го посочуваат Додик и предупредуваат дека РС нема друг избор освен да го почитува Дејтонскиот договор и неговите одредби, во кои се наведува дека одлуките на Уставниот суд на БиХ се конечни и обврзувачки за сите.

Според ОХР, Шмит е подготвен да соработува со Парламентот на РС за да му помогне да ги исполни своите обврски, но пред тоа тие мора да го отфрлат „бизарното и авантуристичко поткопување на Дејтон“ на Додик.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони