Утрински Весник
Спорт

УЕФА до средината на јули ќе реши дали ќе ја суспендира Барселона од ЛШ

УЕФА до средината на јули ќе реши дали ќе ја суспендира Барселона од ЛШ

УЕФА до средината на јули ќе донесе одлука за евентуално суспендирање на Барселона од Лигата на шампионите за следната сезона, пренесува „Марка“. Европската фудбалска централа ја продолжува истрагата за скандалот кој се појави во јавноста околу случајот „Негреира“, но конечната одлука ќе ја донесе Комисијата за етика и дисциплина.

dobivaj vesti na viber

Откритијата околу скандалот покажуваат дека Каталонците во периодот од 2001 до 2018 година му исплатиле вкупно 7,3 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира за различни услуги кои раководството на Каталонците ги дефинираше како „консултации“. Во тоа време, сепак, Негреира беше потпретседател на Судиската комисија во Шпанија, што е секако конфликт на интереси, бидејќи можел директно да влијае на одлуките на судиите.

Пред неколку недели стана јасно дека двајца инспектори на УЕФА во случајот дошле до заклучок дека Барселона заслужила да биде казнета со исфрлање од Лигата на шампионите, но европската фудбалска централа продолжува да ја истражува ситуацијата со сите екипи кои се квалификувале за европските натпреварувања следната сезона.

Ова е една од причините за одлуките кои се очекуваат наскоро, бидејќи во случај на повлекување на тимот, замената мора да биде навреме информирана за да може да се подготви за учество, а понекогаш тоа може да се направи веќе од прелиминарните кругови.

Во слична ситуација е и Јувентус, кој беше информиран дека голема е веројатноста многу брзо да добие казна за финансиските нерегуларности што доведоа до казна со одземени бодови за минатата сезона.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност