Маж го издлабил своето и името на неговата свршеница на Колосеумот во Рим, а наводно, според написите во медиумите од регионот, му се закануваат 5 години затвор.
Италијанскиот министер за култура повика мажот да биде идентификуван и казнет откако беше снимен како ги врежа своето и името на неговата свршеница во Колосеумот во Рим.
ROME—Italian Government is seeking to identify this tourist, who carved the name of his girlfriend, “Hayley”, into the wall of the Colosseum.
Do NOT visit a country and deface historical and/or sacred landmarks.
— Bree A Dail (@breeadail) June 26, 2023
Џенаро Санџулијано на твитер напиша: „Сметам дека е многу сериозно, недостојно и знак на голема нецивилизираност, еден турист да сквернави едно од најпознатите места во светот, историско наследство како Колосеумот, да го издлаби името на неговата вереница“.
„Се надевам дека тој што го извршил овој чин ќе биде идентификуван и казнет според нашите закони“, додаде тој. Твитот на министерот вклучуваше заматена слика на младиот турист, како и видео на кое се гледа како тој користи клучеви за да издлаби букви на еден од ѕидовите на амфитеатарот стар речиси 2.000 години. Тој напиша „Иван + Хаили 23“, пренесува италијанската новинска агенција „АНСА“.
Наводниот инцидент се случил во петокот, а полицијата била алармирана кога снимката се појавила на социјалните мрежи, пренесе „АНСА“. Доколку биде прогласен за виновен за делото, човекот може да се соочи со парична казна од најмалку 15.000 евра или дури пет години затвор, според новинската агенција.
Сличен инцидент се случи и во 2020 година, кога ирски турист беше обвинет за вандализирање на Колосеумот, откако обезбедувањето го забележа како наводно ги резба своите иницијали во античката градба и го пријави во полиција.