Утрински Весник
Спорт

Кирил Лазаров влезе во „Куќата на славните“ на ЕХФ, но снема од наградите пред да му биде доделена!

Кирил Лазаров влезе во „Куќата на славните“ на ЕХФ, но снема од наградите пред му биде доделена!

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, и еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометната игра, е избран во „Куќата на славните“ на ЕХФ. На денешната церемонија во Виена им беше оддадена почит на најдобрите ракометни имиња во изминатите три децении, а заедно со Кирил Лазаров лауреати се и Ласло Наѓ и Даниел Нарсис.

dobivaj vesti na viber

Но, поради голем превид на организарите, Лазаров, Наѓ и Нарсис останаа без статуетки кои што ЕХФ ги доделуваше на наградените на сцената. Едноставно, во тој момент снема награди, па водителот на манифестацијата се најде во небрано и мораше да се извини и да ги увери сите присутни дека лично ќе се погрижи наградите да стигнат кај легендарните ракометари во најбрз можен рок.

Кирил Лазаров, кој сега е селектор на ракометната репрезентација на Македонија, на свеченоста во Виена беше присутен заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари