Утрински Весник
Македонија

Забраната за пластичните кеси од 1 јуни наредната година, соопшти Министерството за животна средина

Забраната за пластичните кеси од 1 јуни наредната година, соопшти Министерството за животна средина
Dik 300x250 mk

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава, ќе стапи во сила на 1 јуни 2024 година, а не на 1 јуни годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста, дека согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Службен весник на РСМ“ бр. 112/23 од 31.05.2023 год.) е направена измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите „1 јуни 2023 го- дина“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Од тука забрана за употреба на ќеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементрина од 1 јуни 2024 г“, е истакнато во официјалното соопштение.

Можете да прочитате

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни

ВЛЕН: Реформата на ДУИ започнува и завршува со Блерим Беџети

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот