Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, а Мицкоски напамет ги знае тендерите на градоначалниците, велат од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, а Мицкоски напамет ги знае тендерите на градоначалниците, велат од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно, напамет, ги знае сите тендери во општините каде неговата партија раководи, реагира ДУИ преку соопштение на изјавите од трибината на ВМРО-ДПМНЕ од која партиски функционери изнесоа обвинувања за криминал и корупција на сметка на лидерот Али Ахмети и други високи функционери на интегративците.

dobivaj vesti na viber

„Десетици судски случаи уште се активни против нивни истакнати функционери кои не успејаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција. Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува.

ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национлаизам и подгревање тензии.

Му порачуваме на Мицковски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига. ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности“, се вели во партиската реакција од Мала Речица.

Можете да прочитате

Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов

Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито

Гол маж трчаше низ Охрид – ги шокираше граѓаните на кејот и во центарот на градот