Утрински Весник
Македонија

Анкетен лист на Али Ахмети: нема имот во Скопје, се вози во автомобилот на сопругата

Анкетен лист на Али Ахмети: нема имот во Скопје, се вози во автомобилот на сопругата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од политичарите со најдолг стаж на власт, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чиј внук деновиве е топ тема во јавноста со купувањето на Соравија и фирмата за ископ на варовник, нема промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат.

dobivaj vesti na viber

Ова е неговото богатство кое го има пријавено во анкетниот лист до ДКСК на Македонија:

Али Ахмети како личен имот пријавил куќа во Зајас, Кичево од 254 метри квадратни, проценета на 100 илјади долари, за која не дал податок како ја стекнал.

Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни од 30 илјади долари. И за него не дал податок како го стекнал.

Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози Фолксваген поло, од 7 илјади евра.

На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.

Можете да прочитате

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години