Утрински Весник
Македонија

ДПМНЕ да праша во која фиока е случајот за Белата палата, која е конфискувана, порача СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи

„ДПМНЕ да праша во која фиока за случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник“, велат од СДСМ во соопштението до јавноста.

dobivaj vesti na viber

Тие додаваат:

„Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник.

ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД.

ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Прозивките на ДПМНЕ може да бидат искрени само доколку јавно постават прашање до надлежните институции во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник и други кои се директно поврзани“.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија

Доста беше патење за семејството на Фросина – 24 инфо одлучи да не го објави видеото кое е најавено за утрешниот ден

Росица сестрата на загинатата Фросина Кулакова упати апел – Не го објавувајте видеото!