Прекината е кривичната постапка против лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, што ја отвори руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поради повикување на вооружен бунт.
Откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин за прекин на вооружениот бунт, Пригожин ќе замине во Белорусија.
Портпаролот на Кремљ додаде дека во моментов не знае каде е шефот на „Вагнер“. Според Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин бидејќи се познаваат долго време.
Сите „вагнеровци“ кои одбиле да тргнат кон Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони заради нивните заслуги за време на Специјалната воена операција во Украина.