Утрински Весник
Македонија

(Фото) Маричиќ со државно обезбедување маршираше на „Парадата на гордоста“

(Фото) Маричиќ со државно обезбедување маршираше на „Парадата на гордоста“

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, со обезбедување од МВР маршираше низ Скопје за „Парада на гордоста“. Во неговата објава со фотографии, се гледа како обезбедувачот кој го прати на сите официјални настани, денеска, го придружувал и на манифестацијата каде не беше во својство на функционер. Додека Маричиќ држи знаменце, обезбедувачот носи чадор.

dobivaj vesti na viber

Маричиќ во придружба на обезбедувачот

Маричиќ и обезбедувачот на 6 јули 2022 година во Клуб на пратеници

На маршот, Маричиќ е придружуван од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерката за труд и социјала Јована Тренчевска и пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ. Тие не користат обезбедување од МВР.

Пред две години, на парадата во Жена парк беше и претседателот Стево Пендаровски. Тогаш, беше придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска. Ниту тој, како прв државник, кому обезбедување му следува постојано – немаше заштита зад себе кога маршираше.

Инаку, вицепремиерот е еден од функционерите кому како заменик на премиерот, му следува обезбедување. Истото право го имаат министерот за претседателите на Собрание, Влада, сите заменици на премиерот, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи, директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна