Утрински Весник
Спорт

Барселона има уште седум дена да го купи Караско „на попуст“

Барселона има уште седум дена да го купи Караско „на попуст“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона има само една недела да го ангажира Јаник Фереира Караско од Атлетико Мадрид. Уште на зима, заедно со зделката за Мемфис Депај, шампионот во Ла Лига успеа да добие посебно намалување на цената на белгискиот интернационалец.

dobivaj vesti na viber

Во принцип, откупната клаузула на крилниот напаѓач е 60 милиони евра, но во случајот на Барса е само 16 милиони. Сепак, оваа цена за Каталонците важи само до крајот на јуни, открива „Мундо Депортиво“.

Се чини дека очекувањата се Барселона прво да го продаде Феран Торес, што воопшто не изгледа сигурно, а дури потоа да тргне во купување на Караско.

Белгиецот стана сопственост на Атлетико Мадрид пред осум години, а потоа помина две сезони во Кина.

Можете да прочитате

Седлоски нов селектор на Македонија

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро