Утрински Весник
Свет

Зеленски испрати порака на руски: Тој се плаши, сигурен сум дека повеќе не е во Москва

Зеленски испрати порака на руски: Тој се плаши, сигурен сум дека повеќе не е во Москва
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше настаните од денот.

dobivaj vesti na viber

„Денес е ден кога дефинитивно не треба да има молк. Денес светот виде дека газдите на Русија не контролираат ништо. Апсолутно ништо. Тотален хаос. Целосно отсуство на каква било предвидливост. И ова се случува на руска територија, која е полна со оружје“, рече тој.

Зеленски додаде дека денес „сите руски бандити, платеници и олигарси“ виделе колку е лесно да се „окупираат руските градови“.

Тој уште еднаш ги повика западните партнери да ја поддржат Украина и да и помогнат да ја „заштити Европа“ со авиони и оружје.

Потоа, преминувајќи од украински на руски, тој рече: „Човекот од Кремљ очигледно е многу исплашен и веројатно се крие некаде, не се покажува. Сигурен сум дека тој повеќе не е во Москва“.

„Тој знае од што се плаши бидејќи сам ја создаде оваа закана. Сето зло, сите загуби, сета омраза – тој е тој што шири“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико