Градот Скопје утринава ја реализираше третата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци. Иако ваквиот начин на заштита од комарци кај нас е традиционален и се применува секоја година, лекарите велат дека нема ефект. Епидемилогот Драган Даниловски неодамна на својот ФБ профил напиша:
„Авиодезинсекцијата во населените места, која се спроведува секоја година по неколку пати е „сизифовска“ работа, зашто, едноставно, не може да биде успешна и треба да се укине. Зошто? Затоа што ги уништува само оние комарци кои во моментот се во воздух. А, знаеме, постојат и ларви… Таа треба да се применува само во ненаселени подрачја или при елементарни непогоди.
Во населените места е потребна дезинсекција со прскање од земја. Значи, треба да се смени стратегијата. Освен тоа, од суштествена важност е да се организира јавна едукативна кампања, за граѓаните да внимаваат да немаат застојана вода во својата околина, особено оние што имаат дворови. За лична заштита, треба да се користат репелентни средства.“