Утрински Весник
Свет

Експерт: Катастрофата на „Титан“ очигледно можеше да се спречи

Експерт: Катастрофата на „Титан“ очигледно можеше да се спречи

Безбедносните мерки на подморницата „Титан“ во сопственост на „Оушн Гејт“ деновиве беа на удар на критики, откако подморницата исчезна и експлодира, при што загинаа пет лица.

dobivaj vesti na viber

Вилијам Конен, претседател на Одборот за подводни возила со екипаж во Лос Анџелес, е уште еден индустриски експерт кој го критикуваше недостатокот на регулација на подморницата „Титан“.

Конен, кој му пиша на „Ocean Gate“ пред несреќата и изрази загриженост за безбедноста на Титан, изјави за Би-би-си дека катастрофата очигледно можела да се спречи.

Во интервју за Би-би-си, тој истакна дека безбедноста на подводните возила е значително подобрена во последните децении, додавајќи дека немало големи катастрофи од 1960-тите.

Тој посочи дека таков тип на подморница со туристи без соодветни сертификати нема да биде дозволен во американски, британски или канадски територијални води.

Можете да прочитате

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

Израел уништи уште една станбена кула во градот Газа