Дербито од групната фаза на Европското првенство за млади (до 21 година) во Романија донесе голем скандал.
Франција ја победи Италија со 2:1, но на поразените не им беше доделен регуларен гол во судиското надополнување. Италијанците во финишот влегоа со гол помалку, но и играч повеќе, откако кај Франција беше исклучен дефанзивецот Лоик Балде.
Французите најпрвин ги спаси голманот Лукас Шевалие, а потоа и судиите предводени од главниот, Алард Линдхут од Холандија. Раул Беланова шутираше со глава, а топката се одби од стативата и според видео-сниката ја мина гол линијата.
Дефанзивец Кастело Лусеба ја исфрли во поле. Италијанските фудбалери очекуваа судијата да покаже на центарот, а кога видоа дека тоа нема да го направи тргнаа кон него.
Линдхут не се предомисли. Во оваа фаза од натпреварувањето на гол линијата нема ни ВАР-технологија, поради што Италијанците се тешко оштетени.
„Газета дело спорт“, тврид дека против Франција, судијата три пати тешко ги оштетил младите италијански фудбалери.
„Од сите тие судиски грешки на штета на Италија, последната е сензационална. Најпрво при резултат 1:1 не беше досуден пенал бидејќи Калулу со рака го запре ударот со глава на Ровела. Под голем знак прашалник е и вториот гол на Франција бидејќи очигледно му претходеше прекршокот на Гири врз Околи. Конечно, неверојатно е тоа што судиите не го видоа во судиското надополнување. Топката која Беланова ја погоди со глава очигледно се одби од стативата. Ја извади Лусеба и тоа, со помош на раката. Судијата ниту ова не го виде“.
Goal not given to Italy U21 against France U21
by u/Thefaccio in soccer