Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереро е нов играч на Баерн Минхен, соопшти баварскиот клуб.
Португалскиот лев бек доаѓа во Баерн како слободен играч, а со клубот потпиша договор до 2026 година.
На 11 јуни, претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, го најави доаѓањето на 29. годишниот фудбалер, откако клубот го донесе дефанзивниот играч за врска Конард Лајмер како прво засилување во летниот преоден рок.
Гереро претходните седум сезони ги играше за клубот од Дортмунд, каде работеше со актуелниот тренер на Баерн, Томас Тухел.
„Кога дојде поканата од Баерн, донесов брза одлука. Чест е да играм за овој голем клуб и многу го почитувам Тухел уште од времето кога заедно работевме во Дортмунд“, изјави Гереро.
Во текот на кариерата настапуваше за француските клубови Каен и Лориен, а во 2016 година со репрезентацијата на Португалија ја освои титулата на Европското првенство.