Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за нестабилна облачност со краткотраен дожд

Сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, повремено во вид на краткотрајно невреме.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Утре ќе преовладува претежно стабилно и топло, освен во планинските подрачја во посеверните делови, каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи и во вид на краткотрајно невереме.

За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови и за краткотрајно невреме. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Можете да прочитате

Доста беше патење за семејството на Фросина – 24 инфо одлучи да не го објави видеото кое е најавено за утрешниот ден

Росица сестрата на загинатата Фросина Кулакова упати апел – Не го објавувајте видеото!

Мобилни телефони и обемна документација одземени во вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи во МВР