Утрински Весник
Македонија

ЦУК со предупредување: Можни се излевања на реки поради обилни врнежи

ЦУК со предупредување: Можни се излевања на реки поради обилни врнежи

Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата РЦУК Кочани за обилни врнежи во Кочанскиот регион, а со тоа и за згоелемен прелив на браната од акумулацијата „Гратче“ и за зголемен водостој на реките Кочанска и Оризарска.

dobivaj vesti na viber

„РЦУК Кочани добиено е известување од Водостопанство Брегалница Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот Пониква и општините Kочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, при мерењата во 21:00 часот на брана „Гратче“ е регистрирано и големо зголемување на дотокот од денешните 1,3м3/с на 4м3/с . Со тоа е зголемен и преливот на браната, а и водостојот на реките Кочанска и Оризарска“, велат од ЦУК.

Тие додаваат: „Предупредуваме на внимателност и подготвеност за ваквата можна состојба, бидејќи ако дојде до поголемо зголемување на водостојот на овие реки во Кочанско, се можни излевања во долниот тек на реките и поплавувања на земјоделско земјиште, а и дворови во селата низводно“.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот