Утрински Весник
Македонија

Мора да се отстранат од раководни позиции сите кадри на ДУИ, мора да се формира технократска влада, порачува Најчевска

Најчевска: Внесувањето на Бугарите во Уставот  е гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мора да се отпуштат од работа сите партиски вработени кадри, порачува во објава на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

dobivaj vesti na viber

„Мора да се формира технократска влада“, нагласува таа.

Во напишаното Најчевска предлага да се отстранат од раководни позиции сите кадри на ДУИ.

„Мора да се отпуштат сите судии и јавни обвинители и да се направи нов избор. Мора да се затвори академијата за судии и јавни обвинители. Мора да се воспостави нормална агенција за администрација“, пишува Најчевска.

Според неа треба да се определат принципи на јавното живеење кои се граѓански а не како што вели, етнички дефинирани.

„И дајте да го средиме тоа Уставот кој го изнашлака Фрле а потоа сите по ред го крпеа и шиеја и го претворија во бесмисол“, пишува Најчевска во објавата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност