Утрински Весник
Спорт

Србинките доживеаја дебакл од Белгија и ја загубија европската круна

Србинките доживеаја дебакл од Белгија и ја загубија европската круна

Кошаркарките на Србија доживеаја убедлив пораз (93:53) од Белгија во четврт-финалето на Европското првенство во Љубљана и ја загубија европската круна. Белгијките на самиот почеток дојдоа до голема предност по серијата од 14:0 и брзо стана јасно дека српските кошаркарки тешко ќе се вратат во мечот.

dobivaj vesti na viber

Актуелните шампионки на Европа во првата четвртина постигнаа само осум поени, но во втората одиграа нешто подобро.

Во третиот период, Белгија започна со серија од 8:0 и навести дека Србија нема шанси да се пласира во полуфиналето.

Србија немаше решение за Алеман, Месеман, Линскенс и Венло кои заедно постигнаа 58 поени. Месеман особено блесна со трипл-дабл ефект, 15 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Најрасположена кај српските кошаркари беше Ивон Андерсон со 20 поени.

Селекцијата на Белгија во полуфиналето на Европското првенство ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Франција и Црна Гора.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина