Утрински Весник
Свет

Уште еден Србин уапсен во Косово, обвинет за воени злосторства

Уште еден Србин уапсен во Косово, обвинет за воени злосторства

Косовската полиција го уапсила Драгиша Миленковиќ од околината на Грачаница под обвинение за воени злосторства, потврдија за РТС од семејството на уапсениот.

dobivaj vesti na viber

Велат дека при апсењето полицајците биле насилни, а припадниците на специјалните единици упаднале во неговиот двор околу пладне.

„Го блокираа целиот простор и не дозволуваа никој да се приближи, а потоа го извадија Миленковиќ“, јавува дописникот на РТС.

На семејството му било објаснето дека Миленковиќ е уапсен за воени злосторства врз Албанци кои наводно ги малтретирал додека работел како чувар во затворот во Липлан.
Пред куќата на семејството Миленковиќ по апсењето се собраа вознемирени соседи и мештани.

Сопругата на Драгиша Миленковиќ поради шокот кој го доживеала е пренесена во болница.

Уапсениот Миленковиќ е татко на три деца, информираат српските медиуми.

Можете да прочитате

Сирискиот претседател го предупреди Израел да не се обидува да ја вовлече Сирија во војна

Белгија испраќа 200 војници во Литванија за мисија на НАТО близу руската граница

Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците