Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сомневањата дека инфузиите ја убија Јана не се потврдиле со обдукцијата, адвокатот Митровски бара проверка на болничкиот компјутер поради сомневања за малверзации

Заврши инспекцискиот надзор во битолската болница: Петгодишната Јана примала глукоза, нема констатирани пропусти во лекувањето
Img 7972

Сомневањата дека инфузиите ја убија малата Јана Христовска не се потврдија со обдукцијата. Ова за Макфакс го изјави адвокатот Јанаки кој како полномошник ја добил и направил увид во документацијата.

dobivaj vesti na viber

Како што вели, согласно извештајот на судска медицина причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар кај девојчето.

„Согласно извештајот причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар при што тие претпоставуваат,  кое што е мое тврдење дека е пневмонијата е од наводно прележан ковид во јануари за што немаат конфирмација односно позитивен тест,  а има позитивен тест од август 2022 година, додека тие одат на претпоставка дека имала симптоми на ковид, а сите знаеме дека симптомите на ковид се слични на многу состојби. Сомневањата на родителите се дека инфаркот го предизвикале инфузиите дадени при покачен шеќер. Во самиот извештај се третира дека има на црниот дроб невообичаено висок шеќер,  но тоа не е посебно истражувано во тој правец. Лекарите од медицина не наоѓаат пропуст, односно тие сметаат дека е донесена во многу тешка состојба и би починала без разлика на што тие би преземале“, додава Митровски.

Според него, тужба може да се покрене за надомест на штета,  но тоа во овој момент не е во приоритет на семејството.

Митровски, како претставник на родителите предложил да се вештачи и комјутерот во болницата за да се утврди дали се менувале податоци.

„Времето на починување е напишано во 3.20 а родителите тврдат дека во 1.30 веќе не давала знаци на живот а и во отпусното писмо е наведено дека време на смрт е во 1.25 “. Денеска поднесвоме барање да се вештачи компјутерот затоа што како непосредни сведоци тврдат дека на него сме правеле малверзации.

Родителите во сите досегашни изјави во медиумите се изјаснија дека се убедени оти за нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза, која ѝ била дадена и покрај тоа што крвната слика покажала зголемено ниво на шеќер и оти се работи за лекарска грешка.

Петгодишната Јана почина во битолската болница во март годинава, само неколку часа откога била примена дехидрирана, со повраќање и со оток на очите.

Можете да прочитате

Во месец септември уапсени над 100 лица поради поседување на наркотични средства

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!