Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за затворскиот полицаец, кој нелегалено ослободи затвореник

ВМРО-ДПМНЕ: Дали власта на Ковачевски свесно дозволува криминалците да хараат и да бегаат од затворите?

Затворскиот полицаец кој му ја отвори вратата и му дозволи на затвореник да избега од затворот Идризово, доби кривична пријава.

dobivaj vesti na viber

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (20.06.2023) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

Имено, И.П. во својство на службено лице-затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18.05.2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово.

Со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта