Утрински Весник
Свет

Навални обвинет за екстремизам, се соочува со повеќедецениска затворска казна

На Навални му се закануваат уште 30 години затвор: „Тврдат дека додека сум затворен, правам терористички дејства“

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој веќе отслужува затворска казна, е обвинет за екстремизам и се соочува со ново судење и нова, повеќедецениска затворска казна.

dobivaj vesti na viber

Навални веќе отслужува деветгодишна затворска казна за кршење на условното ослободување, измама и непочитување на судот, но тој и неговите поддржувачи инсистираат дека неговото апсење и затворање во 2021 година било политички мотивирано.

Новото судење ќе започне денеска, 250 километри источно од Москва, каде што Навални ја отслужува затворската казна.

Во новото судење, рускиот опозициски лидер се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и создавање екстремистичка мрежа и финансирање екстремистички активности, кои би можеле да му ја продолжат казната затвор за најмногу 30 години доколку биде осуден.

47-годишникот долго време беше најистакнатото лице на опозицијата на претседателот Владимир Путин и помина повеќе од една деценија откривајќи ја корупцијата во самиот врв на рускиот политички естаблишмент.

Овој харизматичен активист се чинеше дека е единствениот опозициски лидер способен да ги мобилизира луѓето низ Русија и да ги води на масовни протести против руските власти, наведува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија

Си-би-ес ќе му исплати 16 милиони долари на Трамп

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК