Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лазаров и Латас тврдат дека не се виновни: за јутубарот смеењето не е промовирање насилство, новинарот се сомнева во тенденциозност

Лазаров и Латас тврдат дека не се виновни: за јутубарот смеењето не е промовирање насилство, новинарот се сомнева во тенденциозност
Dik 300x250 mk

Јутуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас не се чувствуваат виновни за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Обвинението го оценија како тенденциозно и сметаат дека ќе докажат дека немаат вина за ништо од кажаното во поткастот поради кои седнаа на обвинителна клупа. Лазаров образложи пред судот зошто не треба да се наоѓа во судница.

dobivaj vesti na viber

„Двете минути се извадени од контекст. Треба да се изгледа целата емисија за да се сфати мотивот. Моето смеење не значи дека промовирам насилство врз жени“, посочи Лазаров.

Своја теза имаше и новинарот Драган Павловиќ-Латас.

„Обвинението е тенденциозно, под притисок на мала група луѓе кои себе се дефинираат како јавност“, рече Латас, кој објасни дека во емисијата раскажувал приказна за момче од сиромашна средина кој прераснал во познат новинар, кој напуштил опкружување во кое имало негативни појави.

Обвинението беше поднесено на крајот на февруари. Латас и Лазаров се гонат за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја што промовира насилство кон жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на јутјуб-канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување“, соопшти Обвинителството.

Можете да прочитате

Коалиција „Менуваме“: Слепите лица не треба да бидат занемарени, бараме пристап до бел стап, пристапна инфраструктура и квалификувани обучувачи

За девет месеци на ГП „Џепиште“ кај Дебар минале 36 938 патници или девет отсто повеќе споредено со лани

„Бранкојавление“ во Охрид – ЗНАМ како се продава сопствениот код