Утрински Весник
Економија

Швајцарците денеска гласаат за два референдуми, за заштита на климата и повисоки корпоративни даноци

Швајцарците денеска гласаат за два референдуми, за заштита на климата и повисоки корпоративни даноци

Швајцарија денеска на референдум ќе гласа за новиот закон за заштита на климата и повисоки корпоративни даноци. Анкетите покажуваат дека и двете мерки ќе поминат. Резултатите се очекуваат во раните попладневни часови. Парламентот веќе го усвои нацрт-законот за климата, но конзервативната Швајцарска народна партија (СВП) го отфрла, тврдејќи дека тоа би предизвикало експлозија на цените. СВП собра доволно потписи за да изнуди референдумско гласање.

dobivaj vesti na viber

Законот има за цел да ја направи Швајцарија климатскои неутрална до 2050 година. За да се постигне ова, штетните емисии мора да се намалат за 75 отсто до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година. Треба да се намали потрошувачката на фосилна енергија. Швајцарската влада со финансиска поддршка сака да го поттикне напуштањето на греењето со нафта и гас. Компаниите, исто така, ќе добијат поддршка за да им се помогне во транзицијата кон технологии кои се попогодни за климата.

За оваа намена се достапни 3,2 милијарди швајцарски франци во период од десет години. Швајцарија сè уште увезува околу три четвртини од својата енергија. На Алпите се планирани големи паркови со соларни панели и повеќе турбини на ветер.

Во случајот со данокот на добивка, се работи за спроведувањето на одлуката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која бара меѓународните компании што оствариле продажби од најмалку 750 милиони евра да се оданочуваат со стапка од најмалку 15 отсто.

Даночните стапки во швајцарските кантони се делумно значително пониски и затоа се особено атрактивни за мултинационалните корпорации. Базел и Цуг, се дом на големи фармацевтски и трговски групи, и како окрузи најмногу би имале корист од повисоките даночни приходи.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk