Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Зголемено нивото на вода на браната „Калиманци“, воведени мерки за безбедност во Кочанско

ЦУК: Зголемено нивото на вода на браната „Калиманци“, воведени мерки за безбедност во Кочанско

Преку Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови има зголемен доток во браната „Калиманци“.

dobivaj vesti na viber

Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте.

Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво.

Како сигурносна мерка, надлежните за браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места.

Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно  да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да реагираат навремено и за да се обезбеди мостот.

ЦУК ја следи ситуацијата во Кочанско.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски