Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска од Ваташа уште еднаш со коментар за премиерот Димитар Ковачесвки и за повикот за тв дуел од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Човекот е кукавица, човекот е киднапиран домазет во својата влад. Се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на тв дуел, таква е оваа политичка матрица. Јас не очекувам било каква креативност. Еднаш кукавица цел живот кукавица. Еве јавно очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди“, порача Мицкоски.
Според него резулуцијата изгласана во германскиот парламент за заштита на македонскиот јазик и идентитет е добредојдена.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, ќе продолжи да врши притисок да се обезбедат што е можно повеќе вакви резолуции.
„Секоја таква резолуција е добредојдена, очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следи. Овој народ заслужува фер шанса како и сите што пристапувале кон ЕУ. А тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет, да покажеме колку знаеме или колку вредиме. Македонија не може да преговара континуирано под бугарски диктат, и се додека постои бугарскиот диктат, Македонија се чувствува обесправена“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.