Утрински Весник
Македонија

Ковачевски наместо кукавички да расфрла пердуви да излезе на ТВ дебата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски кукавички се обиде да расфрла пердуви, да манипулира и да измислува за лидерската средба, само и само да не даде конкретен одговор кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа. Наместо да заобиколува и да го троши времето за да измислува, нека даде конкретен одговор кој предлог за излез од евроинтегративниот ќорсокак го прифаќа, сооопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Двата предлози, освен откочување н евроинтегративнта иднина, овозможуваат и заштитен идентитет и осигурани национални и државни интереси. Секој нормален би сакал да ги заштити и зајакне позициите на државата, но за жал гледаме дека Ковачевски тоа го избегнува што отвора сомнеж дека подготвува нови отстапки во интерес на Бугарија во процесот на преговори.

Ковачевски нека не бега кукавички од одговори како што бега кукавички од избори и соочување со народот. Затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му понуди ТВ дебата на која ќе се отворат сите позиции јавно пред граѓаните, без заобиколување, без лаги и манипулации. Ете му прилика на Ковачевски конечно да се охрабри и пред народот да ги каже своите аргументи, бидејќи и националните интереси се поважни од се“ додаваат од партијата.

Ајде Ковчевски охрабри се и излези на ТВ дуел, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Во тек гласање за кандидатите за Наградата за младинско учество

Левица: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи