Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка

Средба на претседателот Пендаровски со Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Мирослав Јенча, помошник генерален секретар на Обединетите Нации за Европа, Централна Азија и Америка во Одделот за политички и мировни прашања, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупните активности на нашата држава во рамки на Обединетите нации, како и за состојбите во регионот на Западен Балкан и поширикиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка на севкупните напори на ОН во справувањето со глобалните прашања.

Претседателот Пендаровски го истакна примерот на нашата држава, која со потпишувањето на Преспанскиот договор, под покровителство на Обединетите Нации, даде силен придонес за севкупната стабилност на регионот.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика