Утрински Весник
Свет

Ново пукање во БиХ: нападнат чувар во Градачац, кој пукал во неговите напаѓачи

Ново пукање во БиХ: нападнат чувар во Градачац, кој пукал во неговите напаѓачи

Едно лице е рането во синоќешната престрелка која се случила во Градачац, во Тузла, додека уште едно лице се здобило со други видови повреди, дознава порталот „Аваза“.

dobivaj vesti na viber

„Имаше употреба на огнено оружје. Синоќа 14.06. околу 22:35 часот лицето З.Б. (1960) од Градачац пријавил дека бил физички нападнат од лица познати А.Ш. (1987) и М.К. (1988) и дека употребил огнено оружје кон лицето  А.Ш. кого во таа прилика го повредил. Веднаш по пријавата на местото на настанот се упатени полициски службеници, а повредениот бил пренесен во Универзитетскиот медицински центар Тузла, каде му била укажана лекарска помош на хируршката клиника и му била констатирана тешка физичка повреда, а дополнително е упатен на клиниката за ортопедија“, изјави за порталот „Аваза“ Аднана Спречиќ, портпарол на МВР.

Исто така, лицето со иницијали З.Б. бил упатен во УКЦ Тузла бидејќи се здобил со повреди.

„Тој одби лекување во УКЦ Тузла и не отиде во болница“, додава Спречиќ.

За настанот бил известен обвинителот.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната