Утрински Весник
Македонија

Најмасовна изложба на студентите од факултетот за дизајн при АУЕ- ФОН во Домот на АРМ

Најмасовна изложба на студентите од факултетот за дизајн при АУЕ- ФОН во Домот на АРМ

Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН вчера во Домот на АРМ ја отвори 15 – та по ред изложба на студентски дела создадени во текот на академската 2022/2023 година. На изложбата, чие отворање предизвика голем интерес во јавноста и присуствуваа голем број на посетители, се поставени решенија од наставните програми од прв и втор циклус на студии, од областите: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.

dobivaj vesti na viber

За изложбата селектирани се над 1000 дела, од мал и голем формат, изработени во различни традиционални и дигитални техники, соодветни на современите делувања во областа на уметноста и дизајнот.

Деканот на Факултетот за дизајн и мултимедија проф. м-р Милош Милосављевиќ на отворањето на изложбата истакна дека ова е една од најмасовните изложби на млади автори некогаш организирана во државава и претставува своевиден тестамент за успешната политика на факултетот, но и доказ на заложбата на Универзитетот да придонесе во реафирмирање на креативната сцена и индустрија во Македонија, како една од најбрзо растечките гранки заедно со информатичките технологии. Според деканот Милосављевиќ, со активните над 300 студенти, Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН се вбројува во првите три најдобри и најатрактивни факултети во регионот.

Изложбата е отворена до 21 јуни, до кога посетителите имаат можност да ги видат проектите на студентите, при што станува збор за оригинални дела во различни изразни медиуми: плакати, илустрации, типографски решенија, визуелен идентитет, дизајн на карактери, дизајн на книга, аудио визуелни мултимедијални решенија, анимација, 3Д-моделирање, модни креации, модна илустрација, модни додатоци, цртежи, сликарство итн.

Дополнително, во рамките на отворањето на изложбата беше претставена и мултимедијална проекција на аудиовизуелни и анимирани дела на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија.

Изложбата на студените од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ – ФОН особено е значајна затоа што го презентира потенцијалот на младите автори кои се нашата иднина во креативните индустрии.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка