Утрински Весник
Свет

Албанскиот претседател бара ослободување на косовските полицајци: Србија ги киднапираше

Албанскиот претседател бара ослободување на косовските полицајци: Србија ги киднапираше

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај  повика на ослободување на косовските гранични полицајци и оцени дека Србија ги киднапирала.

dobivaj vesti na viber

„Најостро го осудувам овој чин и апелирам до српските власти да ги ослободат косовските полицајци. Исто така, ги повикувам меѓународните партнери да интервенираат и да обесхрабрат други слични дејства“, напиша Бегај на Фејсбук.

Бегај оцени дека овој настан е сериозен чин кој може да влијае на дестабилизација на Косово и на целиот регион.

„Упатувам братски повик до Косово да не наседнува на провокации и да придонесе за деескалација на ситуацијата. Многу е важна координацијата со САД и ЕУ за враќање на масата за дијалог“, напиша Бегај.

Косовската полиција ги обвини српските сили дека на 14 јуни напладне киднапирале тројца полицајци додека патролирале на граничната линија на Косово.

Белград тврди дека инцидентот се случил на повеќе од еден километар на територијата на централна Србија.

Можете да прочитате

Курдите во Сирија добиваат државјнство и право на мајчин јазик

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија