Утрински Весник
Спорт

Фудбалскиот свет му се восхитува на Модриќ: Го хакираше фудбалот

Фудбалскиот свет му се восхитува на Модриќ: Го хакираше фудбалот

Хрватска има фудбалски бисер. Лука Модриќ на 38 години одигра уште еден брилијантен меч и ја однесе својата репрезентација во уште еднофинале.

dobivaj vesti na viber

Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Лига на нации, на завршниот турнир во Холандија.

За трофејот ќе играат против подобрите од Италија и Шпанија. Натпреварот во Ротердам го одбележа Лука Модриќ.

Секој што го гледаше натпреварот можеше да види уште една докторска игра на најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња. Извонредната претстава ја круниса со гол од пенал за да ја запечати победата и големото славје во Ротердам.

Странски медиуми, странски новинари, бројни аналитичари во суперлативи ја опшишуваат играта на Модриќ. „Фудбал твит“, страница со над 800.000 фанови на Твитер напиша: „Лука Модриќ има речиси 38 години. Тој го хакираше фудбалот“, пренесуваат хрватските медиуми.

Фудбалскиот скаут Јацек Кулиг, кого на Твитер го следат над 200.000 луѓе, беше импресиониран од она што го виде од 38. годишниот мајстор од Задар.

„Кога беше дете, тренерите му велеа дека е премногу слаб и премногу срамежлив за да биде фудбалер. Лука Модриќ денес е еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата. Апсолутна легенда”.

Кав Салазар, шпански новинар, го изјави она што беше толку очигледно сите овие години – дека Лука е класа.

„Лука Модриќ има 38 години и е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и покрај тоа што одигра ист број натпревари како и некои играчи кои се двојно помлади од него. Овој човек е вечен“.

Играта на Модриќ добива дополнително значење со оглед на тоа што веќе беше негов 65. натпревар во една исцрпувачка сезона во која се бореше со Реал во пет натпреварувања, а воедно одигра и максимален број натпревари за Хрватска на Светското првенство во Катар.

„Но, живиот старец на светскиот фудбал играше како да десет години помлад и изгледаше потполно свежо. Згора на тоа, беше најдобар во продолженијата. Прво асистираше за голот на Бруно Петковиќ за 3:2, а потоа и од пенал го постави конечениот резултат“, хрватските медиуми се горди на тоа каков бисер имаат.

И УЕФА е импресионирана од изведбата на Модриќ. На својата интернет страница јасно порача што мисли за она што го покажа против Холандија.

„Маестро“.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност