Утрински Весник
Свет

Граѓаните на Лукавац за пукањето: Децата ја блокираа вратата од училницата за да не ги убие

Граѓаните на Лукавац за пукањето: Децата ја блокираа вратата од училницата за да не ги убие

Пукањето што утрово се случи во основното училиште во Лукавац ја потресе јавноста во БиХ но и регионот, а жителите на Лукавац се исплашени за безбедноста на своите деца и на целото општество по овој страшен настан. Новинарите разговараа со граѓаните на овој град.

dobivaj vesti na viber

Маж чијашто ќерка го посетува истото училиште во кое малолетник утринава застрела наставник вели дека девојчето не било присутно, но сепак стравува за нејзината безбедност.

„Моето дете оди во тоа училиште. Пред два дена заврши и фала богу не го преживеа овој страв. Да, таа беше блиску, но не беше директно во училиштето“, рече мајката.

Друг соговорник вели дека неговата ќерка не смее да излезе од дома.

„Ние сме мал град и ова не ни треба. Посебно младите сега, веројатно поради телевизиите и она што се случува во соседната земја, ги земаат работите во свои раце наместо да извлечат поука дека не треба да го прават ова и да си играат каубојци“, заклучи тој за „Н1“.

Девојка по име Мубина разговараше со новинарите и нагласи дека по настаните во Србија, не ги изненадило тоа што се случило, особено од дете кое било проблематично и рекло дека ќе направи такво нешто.

Мубина посочува дека требало да преземат поголеми мерки.

„Што се однесува до сите училишта, без разлика дали детето било проблематично или не, требало да го направат тоа“, рече таа.

Таа понатаму низ солзи додаде: „Имам роднини и деца на училиште кои кога ги прашавме рекоа „успеавме да ја блокираме вратата“.

Граѓанка на Лукавац изјавила дека нејзините роднини во тој момент биле во училиштето и дека слушнале пукање и единствено што направиле е да стават маси и столови на вратата „да не ги убие некој и нив“.

На децата не им беше дозволено да излезат додека не дојде полицијата да ги земе, вели таа.

Кога го слушнале пукањето знаеле што се случува.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња