Утрински Весник
Спорт

Кирјос размислувал за самоубиство и завршил во психијатрија по Вимблдон во 2019

Кирјос размислувал за самоубиство и завршил во психијатрија по Вимблдон во 2019

Австралискиот тенисер Ник Кирјос откри уште детали околу неговата борба со менталните болести, откако во втората сезона од „Брејк поинт“ на „Нетфлик“ објасни дека се пријавил во психијатриска болница во Лондон по Вимблдон во 2019 бидејќи размислувал за самоубиство.

dobivaj vesti na viber

„Искрено размислував за тоа дали сакам да се самоубијам“, вели Кирјос во шестата епизода на серијата, која официјално ќе биде објавена на 21 јуни.

Тој загуби во четири сета од Рафаел Надал во второто коло, но поразот му паднал многу тешко.

„Загубив на Вимблдон. Се разбудив и мојот татко седеше на креветот и плачеше. Тоа ме разбуди. Знаев дека не можам да продолжам така. Завршив на психијатрија во Лондон за да се обидам да ги решам моите проблеми“, вели Кирјос.

28-годишниот Кирјос вели дека сега ја има менталната стабилност за разлика од периодот кога злоупотребувал дроги и алохол. Тој г пропушти Австралија опен поради повреда на коленото оваа година, по што доби повреда на стапалото кога неговиот автомобил „Тесла“ беше украден минатиот месец, по што го прескокна и Ролан Гарос. Вчера тој се врати на тенисот на Штутгарт опен, каде што загуби од Ву Јибинг.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ