Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Пич: Во фокусот билатералните односи и британската поддршка за државата

Пендаровски – Пич: Во фокусот билатералните односи и британската поддршка за државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за развојот на севкупните билатерални односи меѓу двете држави во изминатите 30 години и можностите за унапредување на соработката за темите од заеднички интерес.

Пендаровски ја истакна важноста што нашата држава ја придава на досегашната британска поддршка во повеќе области и форми и изрази очекување таа да продолжи во иднина.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во поширокиот регион, особено во контекст на руската агресија врз Украина, како и за одговорот на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.

Можете да прочитате

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска

2 години Влада – од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА, велат од СДСМ

Амандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба