Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да не прават лицитација со функции, да се изјаснат за нашите предлози

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

ДУИ и СДС нека не се расфрлаат со функции и со државни позиции. Таквата лицитација покажува дека институциите кои ги раководат се во пропаѓање, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„На народот му е повеќе од јасно дека во овие 6 години на власт, криминалната коалиција ДУИ И СДС, единствено се води од тоа, која партија колку функции ќе добие, за понатаму, да си прават математики, кој колку ќе се збогати на грбот на граѓаните.

За разлика од овој принцип на владеење, ВМРО-ДПМНЕ, секогаш се води од националните интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од јасни и конзистентни, нема спроведување на уставни измени под бугарски диктат.

Затоа, во оваа насока, Ковачевски како домазет во владата, да го праша Али Ахмети, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа?“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Перински и Љутков од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој

Европскиот парламент ги усвои извештаите за пет земји од Западен Балкан

Мицкоски: По четири децении, во септември ќе биде пуштено новото хируршко крило во струмичката болница