Утрински Весник
Македонија

Ратификација на спогодбата меѓу Македонија и Албанија за транспорт во Охридското Езеро

Приведен државјанин на Албанија за незаконит риболов

Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро.

Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија“.

 

Можете да прочитате

Состојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска

Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

МЗ: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди