Утрински Весник
Македонија

Бугарското МНР проверува дали претседателот на бугарскиот клуб во Струга бил нападнат поради омраза

Бугарското МНР проверува дали претседателот на бугарскиот клуб во Струга бил нападнат поради омраза

Бугарското министерство за надворешни работи објави дека добиле информација за напад извршен денеска врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.

dobivaj vesti na viber

„Според првичните податоци, на жртвата и’ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница“, велат од бугарското МНР.

Се додава дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.

„Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

„Макфакс“ претходно објави дека еден од основачите на бугарскиот клуб „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, бил натепан од маж од струшко село. Од МВР објавија дека станува збор за нарушен ред и мир и дека постапиле, додека бугарските медиуми, на нападот му даваат етнички предзнак, по тврдењето на Кадирески дека бил цел поради бугарската самосвест.

Можете да прочитате

Кузеска: Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судски совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат разрешени