Утрински Весник
Свет

Турист брутално убиен во центарот на Истанбул, вознемирувачко видео кружи на мрежите

Турист брутално убиен во центарот на Истанбул, вознемирувачко видео кружи на мрежите

Турист од Русија починал откако бил прободен со нож во центарот на Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Турскиот портал ДХА наведува дека во неделата околу 08:30 часот дошло до конфликт меѓу рускиот државјанин Вјачеслав Нечипорук (40) и четворица локални жители во туристичкото место Таксим.

Напаѓачите наводно се обиделе да му го одземат телефонот на рускиот турист.

На социјалните мрежи се појави видео од нападот. Тепачката ја забележале жители на улицата и случајни минувачи. Еден од нив, Хусеин Јорулмаз, кој го видел инцидентот и притрчал да му помогне на туристот, за локалните медиуми изјавил дека напаѓачот имал нож во раката.

„Видовме човек од спротивната страна на улицата. Во раката имаше нож“, рекол Турчинот.

Тој додава дека немало спас за туристот кога се обиделе да му пружат прва помош.

Брза помош го однела човекот во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Полициската управа на Истанбул го потврди инцидентот и соопшти дека двајца осомничени веќе се приведени. Се бараат уште двајца. Одделот за безбедност во Истанбул веќе ги обвини уапсените за убиство со умисла и поднесе тужба до судот.

Можете да прочитате

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“