Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин пред сите му сврте грб на неговиот министер за одбрана

(Видео) Путин пред сите му сврте грб на неговиот министер за одбрана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Снимката на која рускиот претседател Владимир Путин му врти грб на министерот за одбрана Сергеј Шојгу стана вирална на социјалните мрежи и поттикна обновени шпекулации за заладени односи во руското раководство.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот Путин и Шојгу ја посетија московската болница Вишневски и им доделија медали на војниците кои беа ранети во војната против Украина.

На видеото двајцата застануваат еден покрај друг, но Путин му врти грб, а судејќи по нивниот израз, видливa e тензија.

„Не треба да сте експерт за говор на телото за да разберете што мисли Путин за неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во моментов“, напиша на Твитер аналитичарот за надворешна политика од Киев, Џими Раштон покрај видеото, кое веќе е прегледано повеќе од половина милиони пати.

Можете да прочитате

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина