Утрински Весник
Македонија

(Видео) Жан Митрев и неговата клиника не чувствуваат вина, обвинителката децидна дека ќе ја докаже измамата на пациентите

(Видео) Жан Митрев и неговата клиника не чувствуваат вина, обвинителката децидна дека ќе ја докаже измамата на пациентите

Доктор Жан Митрев не чувствува вина, а исто така и одговорното лице во Клиничката болница посочи дека не постапиле спротивно на законот. Наспроти ова, обвинителката Искра Хаџи-Василева пред судот рече дека ќе докаже дека Митрев и неговата болница го сториле кривичното дело измама.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е фактите и не може да се изврти. Обвинетиот сторил измама со умисла, тоа ќе го докажеме“, рече обвинителката.

Прашан од судот дали се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар, Митрев рече: „Апсолутно не се чувствувам виновен“.

Постоеше и обид да се одложи денешното рочиште. Адвокатите на Митрев се побунија дека не им се доставени 48 медицински досиеја, од кои 28 досиеја се врзуваат со лица што Обвинителството ги навело како оштетени.

Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид-19 со хемофилтрации.

Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас откога Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите од болницата, а скопското Јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.

Ова е прво рочиште по одложувањето на претходните.

Можете да прочитате

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка