Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

dobivaj vesti na viber

„Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.

Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани“ порачаа од општината.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина