Утрински Весник
Спорт

Грилиш: Бев ужасен, но не ми е ни гајле, најважно е дека го освоивме пехарот

Грилиш: Бев ужасен, но не ми е ни гајле, најважно е дека го освоивме пехарот

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш изјави дека одиграл ужасен натпревар против Интер во финалето на Лигата на шампионите, но дека не му е грижа бидејќи тимот го освоил трофејот за кој играчите напорно работат цел живот.

dobivaj vesti na viber

„За ова тренираш цел живот. Јас сум многу среќен. Бев ужасен, но не ми е гајле… Да се ​​освои тројната круна со оваа група играчи е посебно. Емотивно е да се гледа моето семејство на трибините“ изјави Грилиш.

Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во клупската историја го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откао во финалето во Истанбул го победија Интер со 1:0 со голот на Родри.

„Му кажав на Гвардиола дека сакам да му се заблагодарам, затоа што тој ми го овозможи ова. Толку многу веруваше во мене, ме купи за многу пари, дури и минатата година кога играв ужасно, тој беше со мене, разговараше со мене и ми даде можност да играм оваа година“, изјави Грилиш.

Сити ја освои тројната круна оваа сезона бидејќи ја одбрани титулата во Премиерлигата и го освои ФА Купот на Англија.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност