Утрински Весник
Свет

Во Полска е откриена гробница со 450 обезглавени „вампири“, во устата имале паричка

Во Полска е откриена гробница со 450 обезглавени „вампири“, во устата имале паричка

Масовна гробница во која биле закопани повеќе од 400 наводни вампири е откриена за време на работи на пат во Полска.

dobivaj vesti na viber

Во селото Лужино на североистокот на земјата е направено страшно откритие, а досега е потврдено дека се пронајдени околу 450 скелети на кои им биле отсечени главите и ставени меѓу нозете, со паричка во устата.

Тоа е практика која била вообичаена во 19 век, а се верувало дека оваа постапка го отстранува „вампирското проклетство“.

Археологот Мачеј Стромски рече дека ова е откритието на масовна гробница на оние за кои се верува дека излегле од гробовите по смртта, па мештаните им ги отсекле главите за да ги спречат во понатамошните напори да се „разбудат од мртвите “, пишува Дејли Мејл потсетувајќи дека слични откритија биле забележани и во Полска минатата година.

Меѓу телата биле пронајдени и скелети на жена, а во нејзините раце бил пронајден череп на мало дете. Исто така, во околу триесет проценти од гробовите се пронајдени тули околу нозете, рацете и главата на починатиот, како што верувале луѓето во тој век, за да не побегне.

Археолозите претходно пронашле и „вампирски“ трупови во селото Пиен кои датираат од 17 век. Ископот открил жена со свилена капа, што покажувало дека е од повисока класа.

Весникот потсетува дека митот за „немртвите“ доаѓа од централна Европа, а првите траги датираат од 11 век. Основата на митот, за кој се напишани стотици романи, снимени се стотици филмови и серии, меѓу кои најпознат е „Дракула“ на Брам Стокер е дека мртвите стануваат од гробовите, претворајќи се во крвожедни чудовишта кои ги тероризираат живите.

 

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк