Во холандскиот град Арнем во текот на ноќта се случиле две експлозии во трговски центар, а повредени нема, соопшти полицијата.
Утрово околу 3:45 часот по локално време полицијата добила пријави за „силна експлозија“, се наведува во соопштението.
Една од експлозиите се случила во ресторан, каде вчера бил пронајден сомнителен пакет и по налог на градските власти бил затворен.
Според извештаите, тој пакет бил отстранет, а неговата содржина не е позната.
Полицијата соопшти дека истражува поврзаност меѓу двата случаи.
Отприлика во исто време се случила експлозија во соседната зграда.
Според полицијата нема повредени и се врши увид.
Еден од овие два објекти веќе доби предупредување од градските власти во 2021 година за загрозување на безбедноста на локалните жители.
Во 2020 година таму имало тепачка и пожар.