Утрински Весник
Македонија

Меџити појаснува за лекувањето на Косовците: Ова и порано функционирало, граѓаните со здравствено нема да се подредени

ВМРО-ДПМНЕ:Додека министерот за здравство Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец
Dik 300x250 mk

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно.

dobivaj vesti na viber

„Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РСМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување“, велат од Министерството за здравство.

Оттука, како што додаваат, за овие промени не се потребни никакви промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги.

Се додава дека со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.

„Иста е ценатa. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники“, додаваат од министерството.

Можете да прочитате

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

Приедени возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти