Утрински Весник
Македонија

Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на Државниот секретар на САД, Eнтони Блинкен и Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија како дел од Коалицијата но и како актуелен претседавач на ОБСЕ е целосно посветена на борбата против тероризмот и превнцијата од насилниот екстремизам, што се и важен дел од анти-терористичките активности на ОБСЕ. Северна Македонија како мултиетничка и мултикултурна демократија, која негува култура на заеднички со-живот придава особено значење на борбата против тероризмот преку донесените национални стратегии за борбата против тероризам и акциските планови во кои се содржани мерките и активностите што се преземаат на национално ниво“, истакна Османи.

Османи ја потенцираше потребата од сеопфатни и координирани активности како одговор на предизвиците што се уште постојат на Блискиот исток, Африка и Централна Азија и покрај значителниот прогрес постигнат во борбата против ИСИС од страна на Коалицијата и ја реафирмираше посветеноста на земјата да продолжи со справување со сите безбедностите предизвици, вклучувајќи ја борбата против ИЗИС и сите терористички организации преку тесна соработка со меѓународната заедница и со соседните земји.

На маргините на состанокот на Коалицијата, МНР Османи имаше одвоени средби со: Државниот секретар на САД Антони Блинкен и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Белгија и Кипар, Фаисал бин Фархан Ал-Сауд, Хаџа Лабиб и Константинос Комбос, како и други високи претставници.

Инаку, на овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ИСИС учествуваа 73 претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи

Намалена видливост на Стража и патот Тетово – Попова Шапка

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сценаријата за наше рушење нема да ви успеат