Утрински Весник
Македонија

Ја злоупотребила службената положба, кривична против директорка на градинка во Штип

Ја злоупотребила службената положба, кривична  против директорка на градинка во Штип

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Попречување на правдата“.

dobivaj vesti na viber

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле завршени, извршила исплата на економскиот оператор со што предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари.

Можете да прочитате

Кузеска: Контактите на Мицкоски со обвинители се спротивни на Етичкиот кодекс

Кузеска: Не сум подготвена моите деца да ја плаќаат цената на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Немаме проблем правосудниот испит да се полага на албански